петок, 10 април 2026

Пуштени во продажба билетите за завршните турнири во ракометниот Куп

Ракометната федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за завршните турнири во Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала „Парк“ во Струмица следниот викенд, односно во петок, сабота и недела. РФМ се реши да продава блок влезници за полуфиналињата, па така четирите натпревари во машка и женска конкуренција ќе може да се гледаат за сума од 400 денари.

Информации за билетите за финалето ќе бидат објавени дополнително.

Полуфиналните натпревари кај мажите се играат в петок, додека кај дамите в сабота. Финалињата в недела се во термините од 17:00 и 20:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ