понеделник, 8 декември 2025

Пуштен во употреба затворениот базен во Општина Штип

Во Штип е пуштен во употреба затворениот базен. На свеченоста присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека Штип расте како центар на истокот.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е еден од Владините проекти од Министерството за спорт каде што има учество и општината, но најголем дел е од Министерството за спорт. Но, не е само ова, во првиот и во вториот јавен повик повеќе од 7 милиони евра се проекти кои дирекно се финансирани од централниот буџет и треба да помогнат во развојот на Штип“, рече Мицкоски.

Ова е втор по ред од вкупно шест проекти за спортска инфраструктура.

Премиерот нагласи дека овие проекти беа заглавени со години, но со доаѓањето на новата Влада, изминатите 15 месеци се забрзана нивната реализација.

„Овој базен е еден од шесте, втор по ред. Знаете дека овие проекти беа заглавени со години, 4-5 години стоеја, тапкаа во место, не беа реализирани, но еве сега со доаѓањето на оваа Влада, ги раздвиживме овие проекти, тие се реализираат. После оној во Кисела Вода, овој во Штип е следен, следат Кичево и Битола, па потоа Ѓорче Петров и Карпош и оној во Кавадарци, се разбира. Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, затоа што, како велат, во здраво тело здрав дух. Ние би сакале да ги навикнеме младите уште од најрана возраст да спортуваат бидејќи на тој начин се градат во вистински личности, личности коишто витешки ќе се борат во својот живот и ќе напредуваат. Така што еве, ако оваа градба овдека помогне во таа насока, јас би бил пресреќен“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ