вторник, 15 јули 2025

Пуштен во употреба реконструираниот спортски центар во Свети Николе

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска, заедно со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар во овој град.

Објавено на

часот

Сподели

Реконструкцијата на спортскиот центар е реализирана од страна на Министерството за спорт како еден од проектите за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за физичка активност и рекреација на граѓаните.

Реконструираниот спортски центар во Свети Николе опфаќа: кошаркарско игралиште со современ полипропиленски под, фудбалско игралиште со ист тип на подлога, трибина и фитнес зона опремена со современи реквизити.

„Овој центар е уште еден доказ дека вложуваме конкретно и рамномерно во спортската инфраструктура во сите делови на Македонија. Нашата цел е секој млад човек, секоја заедница, да има пристап до квалитетни услови за спорт и рекреација. Токму затоа во изминативе месеци посебно се фокусираме на унапредување, односно изградба и реконструкција на спортската инфраструктура“, изјави министерот Борко Ристовски.

Овој проект е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортски објекти низ целата држава, со цел да се поттикне развој на македонскиот спорт и промоција на здрави животни навики кај граѓаните, особено кај младата популација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ