Со трофејот во Интерконтиненталниот куп, ПСЖ ја заокружи својата најуспешна сезона во историјата.
Тие ја освоија Лигата на шампионите, француското пренство, а сега и Интерконтиненталниот куп.
Ги освоија и индивидуалните награди за најдобар тренер и фудбалер.
Единствена дамка беше настапот на Светското клупско првенство кое му припадна на Челси.
Актуелниот договор на Луис Енрике е со трајност до јуни 2027 година, а ПСЖ сака долга соработка со шпанскиот стратег.
„АС“ тврди дека клубот сака да му понуди доживотен договор, односно Луис Енрике да биде тренер додека тој не одлучи да замине.






