понеделник, 15 декември 2025
Не се вклопува во замислите на Луис Енрике

ПСЖ по само шест месеци го продава напаѓачот кој го купи за 80 милиони евра

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ го продава Гонсало Рамош и покрај тоа што го купија напаѓачот пред само шест месеци и тоа во зделка вредна 65+15 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Гонсало Рамош беше едно од првите големи засилувања на „светците“ минатото лето, но Португалецот не се снаоѓа најдобро во Париз.

Во декември месец одигра само 1 минута, оваа недела се појавија написи кои велеа дека напаѓачот имал сериозни здравствени проблеми и силна вирусна инфекција поради која ослабнал дури 6 килограми.

Но има и друга страна на приказната, неколку извори пренесуваат дека Гонсало Рамош не се вклопува во замислите на Луис Енрике, стратегот особено смета дека не може да се наслони на голгетерот на натпреварите од високо ниво.

Исто така се говори дека тренерот на ПСЖ немал никаков збор при ангажманот на Гонсало Рамош, советникот Луис Кампос бил тој кој притискал за реализирање на трансферот и речиси две години работел на оваа зделка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ