понеделник, 14 јули 2025

ПСЖ му даде четири гола на Атлетико и покажа зошто е шампион на Европа (ВИДЕО)

ПСЖ покажа зошто е европски шампион, францускиот тим го надигра и со 4-0 го победи Атлетико Мадрид кој мечот го заврши со десет фудбалери.

Објавено на

часот

Сподели

Момците на Луис Енрике тргнаа офанзивно уште во првата минута, таквата игра им донесе гол во 19. минута кога Фабиан Руиз биеше од далечина за водство од 1-0.

Во судиското продолжение од првиот дел Витиња даде гол и го зголеми водството на 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.

Атлетико во 58. минута се израдува на гол на Алварез, но погодокот беше поништен поради претходен фаул.

Во 78. минута Ленгле доби втор жолт картон, Атлетико Мадрид остана со фудбалер помалку.

Но, брзо потоа Сорлот имаше голема шанса да намали на 2-1, сепак од идеална позиција го префрли голот.

Казната стигна брзо, во 87. минута Мајулу даде гол за предност на ПСЖ и од 3-0, тоа не беше се

Пред самиот крај ПСЖ доби пенал кој го реализираше Ли за конечни 4-0.

Фото: X/PSG

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ