Момците на Луис Енрике имаа фуриозен старт на мечот, поведоа уште во шестата минута со гол на Руиз.
Три минути подоцна Дембеле зголеми на 2-0, а во 24. минута Руиз со својот втор гол погоди за 3-0 што беше и конечен резултат на полувремето.
На три минути пред крајот Рамош постигна гол за конечни 4-0.
ПСЖ во финалето ќе игра против Челси кој со 2-0 беше подобар од Флуминенсе.






