петок, 30 мај 2025

ПСЖ го победи Арсенал во Лондон и направи важен чекор кон финале (ВИДЕО)

ПСЖ со гол на Дембеле уште на почетокот од мечот го победи Арсенал со 1-0 во првото полуфинале од Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот не изобилуваше со шанси, но и двете екипи имаа по неколку прилики од кои францускиот тим искористи една.

Голот се случи во четвртата минута кога по асистенција од Кварацхелија, Дембеле погоди за водство на ПСЖ кое се покажа и како конечен резултат.

Арсенал имаше две убави можности за израмнување, но Џиџо Донарума во двата наврати интервенираше фантастично.

Топчиите еднаш се израдуваа и на гол, Мерино погоди на почетокот од вториот дел, но погодокот му беше поништен поради офсајд.

ПСЖ можеше да си замине и со повисока предност, но Баркола не искористи една голема шанса, а Рамош ја погоди и пречката од голот на Раја.

ПСЖ има одличен резултатот пред реваншот, но работата е далеку од завршена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ