петок, 10 април 2026

Првпат син му асистираше на татко му во НБА лигата (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс победи на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс со 103-119 во НБА лигата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На овој натпревар се случи историски момент, а во центарот на вниманието беше семејствтото Џејмс. Леброн и неговиот син Брони заедно комбинираа 36 поени, од кои 26 беа на ветеранот.

Двајцата се проигруваа и си асистираа во текот на мечот, а за првпат во НБА син му додаде на својот татко за да поентира.

Леброн и Брони Џејмс претходно станаа првото дуо татко и син кои заиграле заедно во најсилната лига на светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ