вторник, 17 јуни 2025

Првпат по 44 години Далас го доби првиот пик на драфтот

Ноќеска во НБА се одржа драфт лотаријата од која како победник излезе Далас Маверикс иако имаше само 1,8 проценти шанси да се случи тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот менаџер Нико Херисон беше мета на жестоки критики откако го даде Лука Дончиќ на Лејкерс, па сега ова е негова голема победа.

Далас прв ќе бира и прогнозите се дека ќе го избере Купер Флег од Универзитетот Дјук кој е еден од најдобрите млади кошаркари и му се предвидува блескава иднина.

Втор ќе бира Сан Антонио, а потоа следува Филаделфија.

За Далас ова е првпат по 44 години да добие прв пик на драфтот, претходно тоа се случило во 1981 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ