понеделник, 8 декември 2025

Првиот пораз на Реал оваа сезона и тоа како болен, по 75 години прими пет гола од Атлетико (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Чаби Алонсо го забележаа првиот пораз оваа сезона, Атлетико Мадрид го доби градското дерби со убедливи 5-2.

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ имаа шест од шест на стартот од новата сезона во Ла Лига, но денеска го забележаа првиот пораз, загубија на гостувањето на „Метрополитано“ кај лутиот градски ривал Атлетико.

Во едно лудо прво полувреме, домаќините поведоа со голот на Ле Норман, но Реал Мадрид преку Мбапе и Ѓулер направи целосен пресврт, за Атлетико да изедначи на 2-2 во 48. минута.

Во продолжението од мечот на сцена стапи Хулијан Алварез, кој најпрво од пенал донесе ново водство на Атлетико од 3-2, за 63. минута маестрално да погоди од слободен удар за 4-2.

Точка на натпреварот стави Антоан Гризман, кој во 93. минута ги постави конечните 5-2.

За Реал Мадрид и Чаби Алонсо ова беше правиот пораз оваа сезона, и тоа ќе боли многу, по 75 години примија пет гола од Атлетико во градското дерби.

ФОТО: X/Atlético de Madrid

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ