Барселона оваа недела се договори со Нико Вилијамс, но за да можат да го регистрираат фудбалерот, ќе мора да продаваат и да ја намалат сметката за плати.
Па по ваквиот развој на настаните, Макс Еберл ја напушти експедицијата на Баерн Минхен на Светското клупско првенство во САД и итно се врати во Европа на средба со Ули Хенес, Карл Хајнц Румениге и другите лидери на клубот.
Тие сега ќе кројат стратегија како да му презентираат нова подобра понуда на Нико Вилијамс, да му покажат дека тој им е главен приоритет ова лето и да го убедат да ја одбере „Алианц Арена“, а не „Камп Ноу“.
Нико Вилијамс има откупна клаузула од 58 милиони евра, која поради инфлацијата ќе изнесува околу 62 милиони евра ова лето.
Барселона има средства да ја активира откупната клаузула, но преферира трансферот да го плати на рати и чека Атлетик Билбао да го омекне ставот и да покаже волја за преговори, па ова остава простор за Баерн Минхен да го украде Шпанецот.