среда, 7 јануари 2026

Првиот човек на РФМ и министерот Ристовски ги посетија ракометарите, ветени се премии за ЕП

Ракометната федерација на Македонија и министерот за спорт Борко Ристовски ја укажаа поддршката до репрезентативците на последниот тренинг во Скопје пред заминувањето во Швајцарија.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Заедно со Ристовски гости на тренингот беа и првиот човек на федерацијата Александар Стефанов, како и генералниот секретар Влатко Тасевски. Тие ја укажаа поддршката за ракометарите, а најавија и награда/премија за успех.

За секоја победа на континенталниот собир македонските ракометари ќе поделат по два милиони денари. Иста е премијата и за пласман во втората фаза од натпреварувањето.

Македонија ќе се натпреварува во група со Данска, Португалија и Романија во Хернинг.

В среда репрезентацијата патува во Швајцарија за каде се закажани три пријателски натпревари во рамките на „Жолтиот куп“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ