четврток, 2 април 2026

Првиот човек на мак-фудбалот: Вредноста на репрезентацијата не зависи од еден резултат

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ се обрати по завршувањето на мартовскиот циклус во кој Македонската фудбалска репрезентација беше елиминирана во полуфиналето од баражот за Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот човек на федерацијата порача дека репрезентацијата не се мери само преку резултатите, туку и преку чувството на припадност и гордост, потенцирајќи дека поддршката мора да постои и во тешките моменти.

Едно поглавје останува зад нас, сега сме пред нов предизвик. Македонската репрезентација не е само резултат. Тоа е чувство, припадност и гордост. Затоа, кога победуваме, да останеме приземни, а кога губиме, да останеме силни. Вредноста на оваа репрезентација не смее да зависи од еден резултат. Ова е наше. И кога победуваме и кога губиме. Поддршката не е аплауз само за победа, туку карактер во пораз. Ние, како федерација создаваме услови во кои селекторот и фудбалерите имаат фокус да работат. Ќе направиме сè што треба, за тие да мислат само на играта, а ние на нив. Останува најважното, да бидеме заедно. Затоа што ова не е само тим. Ова сме ние“, напиша Омерагиќ.

Македонија зад себе има период на континуиран напредок, со настап на Европското првенство и два последователни баражи за Мундијал, а следниот предизвик ќе биде новиот циклус во Б сегментот од Лига на нации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ