сабота, 31 јануари 2026

Првата ѕвезда на Исланд: Судиите не ни дозволуваа да играме ракомет

Првата ѕвезда на Исланд, Гисли Кристјансон го крена гласот по полуфиналната елиминација од Данска (31-28) на Европското првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Човекот кој е лидер на Исланѓаните на теренот смета дека судиите со одредени одлуки влијаеле негативно врз неговата селекција.

Против репрезентација како Данска, мора сè да е совршено, а ние не одигравме така. Промашивме седмерци, па таков ривал секогаш казнува. Исто така имаше и многу судиски одлуки кои ми е тешко да ги прифатам. Се случува судиите да не ни дозволуваат да играме ракомет, често. Се обидовме да ги пробиеме Данците, ама судиите не запираа. Тоа го уништува ритамот, ја прекинува играта. Едноставно не ни дозволуваат да играме. Можеби премногу се жалам, ама тоа се моите импресии. Ќе ја освоиме бронзата в недела“, изјави Кристјансон.

Во мечот за третото место на шампионатот Исланд ќе се судри со Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ