четврток, 11 декември 2025

Прва победа за Македонија на ЕМОФ Скопје, кошаркарките ја совладаа Литванија во Баскет 3х3

Во вечерните часови на вториот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – Скопје 2025, македонските кошаркарки ја забележаа првата победа на фестивалот, совладувајќи ја Литванија во Баскет 3х3 со 14:11.

Објавено на

часот

Сподели

Останатите македонски репрезентации продолжија со борбени настапи во вториот ден, но повторно не успеаја да стигнат до победа.

Женската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз, овојпат од селекцијата на Швајцарија (33:20) во второто коло од групната фаза. Машкиот тим, исто така, беше поразен, од селекцијата на Шпанија со 31:26.

На кошаркарските терени, девојките загубија убедливо од Финска (76:35), додека машката селекција не успеа да се наметне против Франција. Во одбојкарските натпревари, и машката и женската репрезентација беа поразени без освоен сет, обете играа против Словенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ