сабота, 12 јули 2025

Прва победа на младинците на СП, Македонија го победи Мексико со 20 голови разлика

Maкедонската младинска репрезентација денеска ја забележа првата победа на Светското првенство и тоа во Президент купот во разигрувањето за место од 17. до 32. позиција, го совладавме Мексико со убедливи 41-21.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Раде Стојановиќ уште од стартот покажаа дека сме многу поквалитетна селекција од Мексико. На полувремето имавме предност од 21-9. Веќе беше јасно кој е победникот во овој дуел.

Во второто полувреме ја продолживме доминацијата и на крајот славевме со 20 голови разлика, конечниот резултат гласеше 41-21.

За Македонија ова беше прв триумф по поразите од Фарски Острови, Романија и Исланд во групната фаза и вчерашниот од Мароко во разигрувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ