Словенецот постигна 29 поени, имаше 11 скокови и 10 асистенции, голема помош имаше од Ривс кој постигна 26 поени и имаше 11 асистенции.
Чикаго го забележа првиот пораз оваа сезона откако загуби кај Њујорк со 116-128. Гиди постигна трипл-дабл, но тој не беше доволен за нов триумф. Тој даде 23 поени, имаше 12 скокови и 12 асистенции. Најдобар кај Њујорк беше Брансон со 31 поен.
Резултати:
Оклахома – Њу Орлеанс 137-106
Бруклин – Филаделфија 105-129
Шарлот – Јута 126-103
Кливленд – Атланта 117-109
Торонто – Мемфис 117-104
Њујорк – Чикаго 128-116
Феникс – Сан Антонио 130-118
ЛА Лејкерс – Мајами 130-120






