понеделник, 6 април 2026

Противникот на Португалија со закана до Роналдо: Ќе плачеш против нас

Фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго испиша историја со пласманот на Светското првенство, првпат по пауза од 52 години, а нејзин прв противник на Мундијалот ќе биде Португалија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Големиот успех беше прославен низ целата земја, а во центарот на вниманието се најде и министерот за спорт Дидие Будимбу, кој испрати храбра порака пред настапот на Мундијалот.

На собирот на Плоштадот пред Народната палата, каде илјадници навивачи го славеа пласманот, министерот истакна дека патот до Светското првенство бил исклучително тежок.

„Квалификациите не беа воопшто лесни, се боревме жестоко за да стигнеме до тука“, изјави Будимбу.

Тој нагласи дека целата нација мора да застане зад репрезентацијата и дека не смее да се задоволат само со учество на турнирот, туку да имаат и повисоки амбиции.

Во свој стил, Будимбу испрати и самоуверена најава пред првиот натпревар на Мундијалот.

„Во нашиот прв меч на Светското првенство 2026, Кристијано Роналдо ќе плаче“, порача министерот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ