вторник, 24 март 2026

Пропадна еден од најголемите трансфери во историјата на ракометот

Трансферот на Симон Питлик во Фуксе Берлин ова лето пропадна, и покрај сериозните обиди на германскиот шампион да го забрза неговото доаѓање од Флензбург.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Берлинскиот клуб понуди дури 1,5 милиони евра за данскиот репрезентативец, откако претходно излезе и со пакет вреден 750.000 евра плус норвешкиот талент Тобијас Грондал, но двете понуди беа одбиени.

Флензбург остана цврст на ставот дека ќе го задржи Питлик најмалку до 2027 година.

Иако трансферот е веќе договорен за летото 2027 преку излезна клаузула, Германците сакаа веднаш да ја пополнат празнината по заминувањето на Ласе Андерсон, но не успеаја во намерата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ