Зад името на Пешиќ се наредени безброј медали од големите натпреварувања, златни медали на Европско првенство (со две репрезентации Германија и Југославија), злато на Светското првенство (со победа на американски Дрим тим), први места како селектор во неколку возрасни категории (како селектор на Југославија) и творец на еден од најдобрите состави во млади категории каде играа Тони Кукоч, Владе Дивац, Саша Ѓорѓевиќ, Дино Раџа, …
Некој ќе каже дека е кошаркарски иноватор, а други го знаат како „учител кој од ученикот секогаш успевал да го извлече најдоброто“, а тој за себе зборува дека дисциплина во спортот секогаш мора да има.
За својот авторски момент Пешиќ на вечерашната панел-дискусија истакна:
– Јас не сум писател, јас сум само тренер.
Тој како тренер буквално го минал целиот свет и тоа се за кошарката, патувајќи низ Европа, но и до Аргентина и Австралија, само за да го пренесе своето богато тренерско кошаркарско искуство.
На крајот од второто дополнето издание напишани се зборовите:
„Во спортот успехот не е во тоа да го работиш тоа што го сакаш, туку да го сакаш тоа што го работиш“.
Пешиќ на присутните спортисти, тренери, кошаркарски работници и бизнисмени, спортски новинари им зборуваше и за неговиот живот поврзан со кошарката. Настанот се одржа во книжарницата „Литература“ во „Дајмонд Мол“.
МИА






