недела, 14 декември 2025

Промашени пенали и одличниот Бирлем го спречија Алкалоид да слави против Хановер

Алкалоид пропушти шанса да го совлада Хановер на реваншот во квалификациите за Европската лига на ЕХФ, промашени пенали и одличниот Бирлем го расипаа славјето на тимот од Автокоманда.

Објавено на

часот

Сподели

Ракометарите на Алкалоид вечерва го подигнаа трофејот за триумфот на Европскиот куп минатата сезона, но славјето го расипа Хановер со триумф од 28-29.

Германците уште минатата недела ги решија сите дилеми околу патникот во групната фаза на Европската лига на ЕХФ со триумфот од 10 разлика (37-27), но момците на Лазаров се надеваа дека против славен ривал дополнително ќе ги израдуваат своите навивачи.

Малку фалеше за Алкалоид да стигне до победа, неколку грешки, промашен пенали како и расположениот Бирлем не дозволија славјето да биде целосно.

Хановер подобро го отвори натпреварот, стигна и до +6 (6-12), но на пауза се замина со израмнет резултат (14-14).

Гостите го имаа водството и на почетокот од второто полувреме, но Алкалоид со серија од 5-0 за прв пат стигна до позитива и предност од 19-17.

Потоа се играше гол за гол се до финишот, на пет минути пред крајот беше егал 27-27.

Завршницата му припадна на Хановер, гостите постигнаа два гола во низа, Ѓоргиев промаши пенал, а Костески не реализираше зицер, па мечот заврши со резултат 28-29.

Урош Борзаш беше најефикасен со осум гола, Тордарсон додаде седум, а Костески пет, но нашите ракометари погодија само еден од петте пенали колку што изведоа на овој меч. Фишер со осум гола го предводеше Хановер, но многу поголем придонес имаше голманот Брилем кој оствари дури 17 одбрани, вклучувајќи неколку зицери и одбранети пенали.

ФОТО: fb/RK Alkaloid

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ