Јокиќ во текот на декември се повреди на меч против Мајами, заработи хиперекстензија на левото колено. Во моментов е во процес на рехабилитација.
Новинарот на „ЕСПН“ вели дека Јокиќ би можел да се врати кон крајот на јануари, а доколку тоа се случи, Србинот ќе има доволно време да собере 65 натпревари во регуларниот тек на сезоната што е предуслов да биде во конкуренција за МВП наградата.
„Јокиќ продолжи со тренинзите, закрепнувањето оди според распоредот, ако не и побрзо. Тој треба да се врати со тимот до крајот на месецот. Тоа е во согласност со првичната проценка од четири недели, Нагетс се оптимисти. Јокиќ би можел да се врати до крајот на јануари. „Ако успее во тоа, тоа ќе му даде простор да ги исполни условите за награди“, рече Чаранија.
И покрај повредата, Јокиќ сè уште е во водство во трката за МВП. Оваа сезона тој има просек од 29,6 поени, 12 скока и 11 асистенции, но досега пропушти вкупно десет натпревари и има можност за максимум уште седум до крајот на сезоната, а на Денвер до крајот на јануари му остануваат уште девет.






