Барселона е во игра за тројна круна, но се соочува со проблеми пред клучниот дел од сезоната.
„Каталонците“ имаат тројца бунтовници кои изразуваат незадоволство и фрустрации поради малата минутажа.
На натпреварот против Селта во саботата, кога момците на Ханси Флик направија чудо и се вратија од 1-3, Ансу Фати и Ектор Форт привлекоа големо внимание со своите реакции.
🎥 VIDEO: Ansu Fati kicked a box in anger after Flick made him warm-up and then called him back to the bench without subbing him on. #fcblive 👀 pic.twitter.com/MXLFSP4tLV
— BarçaTimes (@BarcaTimes) April 19, 2025
Ансу Фати нервозно го шутна мини-фрижидерот покрај клупата и го фрли маркерот откако долго време се загреваше покрај аут линијата, но не доби шанса да влезе во игра.
Младиот Ектор Форт пак не сакаше да ги слуша објаснувањата на Ханси Флик зошто уште еднаш останал на клупа, па веднаш се упати во соблекувална без да разговара со тренерот.
„Можам да разберам дека се разочарани, но не можам да ја разберам нивната реакција. Сакам да видам права реакција кога ќе добијат шанса да истрчаат на теренот, а не по крајот на натпревар кој го добивме со голем пресврт“ – рече вчера Ханси Флик на средбата со новинарите.
За разлика од нив, голманот Ињаки Пења своето незадоволство го искажа на тренингот во понеделникот, кога одби да го слуша тимскиот говорот на Ханси Флик.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како Ињаки Пења стои подалеку од групата фудбалери, па дури мора да реагира Марк андре тер Штеген, кој го фати и повлече својот помлад колега за да го доближи до другите.
Ињаки Пења се наметна како одлично решение помеѓу стативите по тешката повреда на Тер Штеген, но го загуби првотимскиот статус откако Барселона го ангажираше Војчех Шчесни.
Сега кога Германецот се опорави од повредата, Ињаки Пења е дури трет избор за голманската позиција.
ter stegen wanted to include iñaki peña in the team talk 🥺 pic.twitter.com/s8qHsjXbww
— GAVI IS BACK💙❤️ (@V10_fcb_) April 21, 2025