недела, 14 декември 2025

Проблем за Вардар: Без Милан Лазаревски до крајот на годината

Ракометниот клуб Вардар во наредните три месеци ќе биде без еден од најдобрите свои ракометари, македонскиот репрезентативец, Милан Лазаревски.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар информираше дека Лазаревски направил операција за да ја санира повредата на десното рамо.

„Милан Лазаревски, искусниот пивотмен на Вардар 1961 и македонската репрезентација, ќе се повлече од терените поради успешна операција на десното рамо извршена во Загреб од страна на д-р Никола Чичак. Предвиденото отсуство е три месеци.
Лазаревски имаше проблеми со рамото, и беше решено во најбрз рок да се изврши операција за потоа да биде подготвен за она што следува во првенството“, стои во соопштението на РК Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ