Во Анталија паѓа силен дожд во последните неколку денови, а тоа сериозно ги отежнува условите за работа. Дури терените се потопени и не може да се тренира, ниту играат натпревари. Најавите исто така не се најдобри. Се најавува дека и во следните денови ќе продолжат обилните дождови во овој дел од Турција.
Поради тоа, натпреварите меѓу Вардар и Мотор, како и Силекс со Словачко се под сериозен знак прашалник. Освен Вардар и Силекс, моментално во Анталија се Шкендија, Струга, Пелистер и Тиквеш.
Вчера во Анталија беше одложен натпреварот меѓу Партизна и кинески Гангвон поради евидентни причини.






