понеделник, 8 декември 2025

Приведен е редарот на Шкендија Арачиново кој удри фудбалер на Брегалница

На полувремето од вчерашниот натпревар од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) меѓу екипите на Шкендија Арачиново и Брегалница се случи инцидент кога редар удри фудбалер на гостинскиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека лицето кое го нападна фудбалерот на Брегалница е приведено и против него ќе биде покрената постапка.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, се вели во билтенот на МВР.

И покрај инцидентот, Брегалница го продолжи натпреварот и победи со 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ