четврток, 11 декември 2025

Приведен е пијан навивач од Словачка, на десет други не им бил дозволен влез во Македонија

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е приведен пијан навивач на Слован Братислава кој се однесувал агресивно и недолично за време на летот кон Скопје.

Фото: МВР

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва Слован Братислава ѝ гостува на Шкендија во натпревар од Конференциската лига, па најавено е доаѓање и на навивачи на словачкиот клуб. Но некои од нив не успеаа да дојдат до Скопје.

„Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.

Мечот меѓу Шкендија и Слован Братислава се игра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 18:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ