понеделник, 9 февруари 2026

Превц потфрли, Германец го освои златото во ски-скокови

Германецот Филип Раимунд го освои златото на Зимските олимписки игри во скијачки скокови на нормални скокалници во Предацо, словенечката ѕвезда Домен Превц не освои ниту медал.

Објавено на

часот

Сподели

Нормалната скокалница не е омилената дисциплина на Превц, тој е доминантен на долгата скокалница, но Словенците очекуваа медал и денеска од него, сепак тоа не се случи, тој заврши дури на шестото место.

Најдобар беше Филип Раимунд од Германија кој претходно никогаш немаше победа на големите натпреварувања, па неговата победа е сензација.

Како втор заврши Качпер Томашиак од Полска, а третото место го подеија Јапнецот Рен Никаидо и Швајцарецот Грегор Дешванден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ