недела, 15 февруари 2026

Превц откако ѝ донесе злато на Словенија: Имам чувство како да гледам филм!

Словенечката ѕвезда во скијачки скокови, Домен Превц, синоќа победи на големата скокалница со неверојатен лет во втората серија и донесе олимписко злато за Словенија.

Објавено на

часот

Сподели

Словенецот беше втор по првата серија со должина од 138,5 метри, но во втората направи пресврт, скокна фантастични 141,5 метри и на крајот заврши како прв.

„Не знам, сега се чувствувам како да гледам филм, нешто се случува, а јас гледам што прави тоа момче Домен зад стаклото. Навистина нешто магично, прекрасно. Малку повеќе драма поради нападот во втората серија. Ова беше задоволство и за мене бидејќи завршив онака како што завршив“, рече Превц по освоениот златен медал.

Превц има совршена сезона, тој е лидер во светскиот куп, а победи и на новогодинешната турнеја „Четири скокалници“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ