На денешниот настан во Гармиш-Партенкирхен својата доминација ја продолжи Превц. Тој ја победи конкуренцијата, а на подиумот се пласираа уште Јан Херл и Штефан Ембахер. Победникот на новогодишната турнеја ќе го дадат натпреварувањата во Инсбрук и Бишофсхофен.
Одново катастрофа доживеа Тими Зајц. Поранешниот олимписки шампион беше одново дисквалификуван, откако неговата облека беше неколку милиметри пократка од дозволените норми. Истото на Зајц му се случи и во Оберсдорф.






