петок, 6 март 2026

Превц беше дисквалификуван и пропушти да постави рекорд

Словенечкиот ски-скокач, Домен Превц, беше дисквалификуван веднаш по победата на натпреварот од Светскиот куп во Лахти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Превц беше најдобар, со скок од 129 метри го освои првото место пред Германецот Филип Раимунд, но победата му беше одземена по контрола на опремата.

Причината за дисквалификацијата беа скиите, кои биле за еден сантиметар подолги од дозволеното. Според правилата, должината на скиите зависи од телесната тежина на натпреварувачот, а строгата контрола утврди дека Превц бил премногу лесен за скиите кои ги користел, што доведе до автоматско поништување на резултатот.

Иако веќе обезбеди Голем кристален глобус за вкупната победа во сезоната, дисквалификацијата му ја одзеде шансата за поставување рекорд. Победата во Лахти ќе му беше седма последователна, со што ќе станеше апсолутен рекордер. Сега останува на шест последователни победи, со што го дели рекордот со уште неколку скијачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ