сабота, 20 декември 2025

Престон Лајонс го загубија мечот од Пелистер на нивната турнеја во Македонија (ВИДЕО)

Македонскиот клуб од Австралија, Престон Лајонс, денеска одигра пријателски натпревар со Пелистер кој го доби битолскиот клуб со 1-0, со погодок постигнат од пенал.

Објавено на

часот

Сподели

Престон Лајонс пред два дена славеше со 4-2 против Вардар, но денеска беше поинаку, пораз во меч во кој имаше само еден гол.

Поради одредени зафати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, денешниот меч се одигра во Новаци.

Клучниот момент се случи во 66. минута, Пелистер доби пенал поради игра со рака на фудбалер на Престон, сигурен од белата точка беше Здравевски.

Следна дестинација за Престон Лајонс ќе биде Охрид каде што ќе одиграат уште еден пријателски меч пред да се вратат во Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ