сабота, 20 декември 2025

Престон Лајонс доаѓа на турнеја во Македонија

Македонскиот фудбалски клуб од Австралија, Престон Лајонс и официјално ја потврди турнејата која ќе почне од понеделник.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Престон Лајонс на 15. септември ќе тргнат од Австралија кон Македонија каде ќе се припремаат за новата сезона во тамошното првенство.

Клубот и играчите ќе учествуваат и ќе волонтираат во неколку хуманитарни акции во Македонија, вклучувајќи и дистрибуција на средства во Кочани.

Од клубот се заблагодаруваа на министерот за надворешни работи (МНР) Тимчо Муцунски и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ кој дале голем допринос за да се случи оваа турнеја.

Престон Лајонс ќе играат во Охрид, Битола и Скопје, а како датуми ги потврдија мечевите со Вардар и Пелистер.

Со Вардар ќе играат на 23. септември во Скопје, а со Пелистер два дена подоцна во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ