сабота, 21 февруари 2026

Престијани признал вина пред УЕФА за скандалот со Вини, ама не за расизам

Инцидентот меѓу Џанлука Престијани и Винисиус Жуниор доби нова димензија откако Аргентинецот наводно се изјаснил пред УЕФА.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на „ЕСПН“, Престијани признал дека упатил навреда, но тврди дека не користел расистички збор, туку хомофобична навреда.

Сепак, дисциплинскиот правилник на УЕФА не прави разлика. Членот 14 предвидува минимална суспензија од 10 натпревари за секоја навреда врз основа на раса или сексуална ориентација, како и можност за дополнителни санкции.

Доколку вината биде потврдена, Престијани го очекува тешка казна без оглед на формулацијата на навредата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ