среда, 18 февруари 2026

Престијани негира: Во ниту еден момент не го навредив расистички Винисиус

Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани излезе со своја верзија за големиот инцидент кој се случи на мечот против Реал Мадрид.

Објавено на

часот

Сподели

Престијани со дресот ја покри устата и кажа нешто од кое збесна Винисиус. Според Бразилецот, аргентинскиот фудбалер го нарекол „мајмун“, но верзијата на играчот на Бенфика е поинаква.

„Сакам да појаснам дека во ниту еден момент директно не го навредив фудбалерот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор, кој за жал го нагласи она што мислел дека го слушнал од мене. Јас никогаш не сум бил расист кон никој и жалам за заканите кои ги добив од играчите на Реал Мадрид“, рече Престијани.

Поради прикриената уста тешко е со сигурност да се утврди што точно кажа Престијани, но сигурно не би се криел доколку рекол нешто убаво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ