сабота, 6 декември 2025

Прекрасен гол од далечина на Алхасан, Шкендија до четвртфинале во Купот

Шкендија е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, „црвено-црните од Тетово попладнево со 2-0 го совладаа Тиквеш.

Објавено на

часот

Сподели

Шкендија им се придружи на Вардар, Струга Трим Лум, Силекс, Работнички, ГФК Охрид, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица помеѓу осумте најдобри во Купот на Македонија.

„Црвено-црните“ попладнево со 2-0 го совладаа Тиквеш и го зграпчија последниот билет за четвртфинале.

Резултатот беше отворен во финишот на првиот дел, Алхасан испука проектил од 30 метри, а топката од пречката заврши зад грбот на гостинскиот голман за 1-0.

Сите дилеми околу победникот беа решени во последните секунди, Мазари погоди за конечни 2-0.

ФОТО: fb/KF Shkëndija

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ