среда, 9 април 2025

Прекината е серија на Барса која траеше неверојатни 199 натпревари

Вчера се случи чудо, ракометниот клуб на Барселона загуби натпревар од домашниот шампионат, беа поразени во дербито на Кталонија од Грањолерс со 31-30 и тоа на свој терен. Ова е нивни прв пораз по 199 меча во шпанското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона во последните десет минути влезе со позитива од +4 гола, а потоа до крајот постигна само уште еден погодок. Колку мечот беше чуден говори фактот што Барса не успеа да даде гол во последните четири ипол минути, а ниту еден тим не постигна погодок повеќе од две минути до крајот на дуелот.

Оваа сезона Барселона не е ни приближно доминантна како последните години, дури ни во Шпанија каде и нема вистински конкуренти не доаѓа лесно до бодовите.

Лигата сигурно ќе ја освојат, но фактот дека загубија првпат по 199 натпревари покажува дека конечно се ранливи и во својата земја.

Во Лигата на шампионите се меѓу фаворитите за освојување на големиот пехар, а од тоа дали ќе го освојат, може да зависи и судбината на играчкиот кадар.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ