среда, 2 април 2025

Прекин на дербито од третата лига: Влазрими го напушти теренот по досуден пенал за Тетекс (ВИДЕО)

Дерби мечот од 14. коло во Третата македонска фудбалска лига – запад заврши порано од предвиденото откако гостите, Влазрими незадоволни од судењето порано го напуштија мечот.

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот во се случи во 75. минута кога судијата Марјан Младеновски покажа пенал за Тетекс. Од Влазрими сметаа дека нема прекршок за пенал, па се случи инцидент.

Дојде до помал физички напад, имаше турканици со официјалните лица, а потоа и напуштање на мечот.

Во пресрет на ова коло Тетекс имаше 32 бода, еден повеќе од Влазрими и сега останува да се види каква ќе биде одлуката и дали „штофарите“ ќе добијат службена победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ