Анчелоти во Лондон ги имал завршните преговори со претставниците на Бразил, се разговарало до доцна синоќа, на крајот не се нашло решение за проблемот.
Бразил инсистира договорот на Анчелоти да почне во јуни, но проблем е договорот на Италијанецот со Реал Мадрид.
Кралскиот клуб нема против да го ослободи Анчелоти во јуни, но Италијанецот за раскин на договорот сака да ја добие и отштетата која му следува.
Перез сака да го избегне плаќањето на таа сума, па не сака да му даде отказ на Анчелоти со обештетување, па планира да го држи и за време на Светското клупско првенство.
Анчелоти смета дека му следува обештетување, заслужува да го добие поради успесите кои му ги донесе на клубот во изминатите години и нема намера да го прекине договорот по негово барање.
Ваквите натегања меѓу Реал Мадрид и Анчелоти не му се допаѓаат на Бразил кој нема намера да чека да се разреши ситуацијата која може и да потрае.
Поради тоа Бразил се откажува од Анчелоти и ќе бара ново решение.