сабота, 21 јуни 2025

Пред две години трчаше по парите, сега се откажува од 90% од платата за да се врати во Европа

Талентираниот Габри Веига очигледно сака по секоја цена да се врати во Европа па е подготвен да се откаже од 90% од платата за да го замени Ал Ахли со Порто.

Објавено на

часот

Сподели

Габри Веига изненади со својата одлука летото во 2023, кога реши приоритет да им даде на парите и ја одбра Саудиска Арабија пред клубови како Ливерпул, Реал Мадрид и Наполи.

Но по две години во Ал Ахли, Шпанецот сега сака да се врати во Европа и е подготвен да се откаже од 90% од платата.

„Да, Габри Веига сака да се пресели во Порто. Добивме дозвола да разговараме со Ал Ахли, кој пак изрази желба да се реализира трансферот. Подготвен е да се откаже од повеќе од 90% од платата за да игра во Порто. Кога некој фудбалер прави трансфер, обично гледа да има некаков финансиски бенефит, но со Габри е сосема спротивно. Ќе видиме како ќе завршат преговорите, се надевам дека во следните денови ќе има позитивен исход“ – вели претседателот на Порто, Андре Вилаш Боаш.

Се верува дека Габри Веига во Саудиска Арабија заработува преку 10 милиони евра по сезона.

ФОТО: X/Al Ahli

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ