среда, 10 декември 2025

Пред 25 години се случи најлудото забивање на сите времиња (ВИДЕО)

На денешен ден пред 25 години, на Олимписките игри во Сиднеј, Винс Картер го изведе најлудото забивање на сите времиња преку Фредерик Вајс кој е висок 218 сантиметри.

Објавено на

часот

Сподели

На Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, во финалето се сретнаа САД и Франција, а мечот го одбележа еден потег на Винс Картер, кој важи за најлудото забивање на сите времиња.

Кошаркарот на САД пресече една топка и без размислување тргна да поентира и покрај тоа што пред него стоеше Фредерик Вајс, кој е висок 128 сантиметри.

Винс Картер со ѕверски скок помина преку францускиот центар и заби за воодушевување помеѓу љубителите на кошарката.

Истата таа година, Винс Картер победи на натпреварот во забивање на НБА Ол-стар викендот, тогаш тој го победи неговиот братучед Трејси МекГрејди и Стив Френсис, и тоа издание се смета за едно од најдобрите во историјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ