среда, 4 март 2026

Познато кој ќе ѝ суди на Македонија на бараж дуелот за СП со Данска

Европската фудбалска Асоцијација ги одреди официјалните лица за плејоф натпреварот меѓу Данска и Македонија кој ќе се одигра на 26 март во Копенхаген, во рамки на баражот за пласман на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Главен судија на натпреварот на стадионот „Паркен“ ќе биде германецот Феликс Цвајер, а негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија. Функцијата четврти судија ќе ја извршува Даниел Шлагер.

За видео асистенција (ВАР) задолжени се Бастијан Данкерт како главен ВАР судија и Саша Штегеман како АВАР. Судиски контролор на средбата е Вилијам Јанг од Шкотска, додека делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ