Главен судија на натпреварот на стадионот „Паркен“ ќе биде германецот Феликс Цвајер, а негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија. Функцијата четврти судија ќе ја извршува Даниел Шлагер.
За видео асистенција (ВАР) задолжени се Бастијан Данкерт како главен ВАР судија и Саша Штегеман како АВАР. Судиски контролор на средбата е Вилијам Јанг од Шкотска, додека делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.






