вторник, 9 декември 2025

Познати сите 30 финалисти за „Златната топка“, две имиња се одвојуваат како фаворити (ФОТО)

Реномираниот магазин „Франс фудбал“ попладнево ја објави листата со 30 фудбалери кои ќе конкурираат за престижната индивидуална награда „Златна топка“, во моментов две имиња се одвојуваат како фаворити – Осман Дембеле од ПСЖ и Ламин Јамал од Барселона.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата година започна нова ера кога е во прашање „Златната копачка“, помеѓу финалистите ги немаше Кристијано Роналдо и Лео Меси, две имиња кои долго време доминираа во светот на фудбалот.

Родри од Манчестер Сити на големо изненадување беше прогласен за фудбалер на годината, а неизвесно ќе биде и оваа година.

„Франс фудбал“ попладнево ја објави листата со 30 фудбалери и во моментов две имиња се одвојуваат како фаворити – Осман Дембеле од ПСЖ и Ламин Јамал од Барселона.

Французинот постигна 35 погодоци и подели 16 асистенции на 53 натпревари во дресот на „светците“, а освои трофеј во Лига 1, Купот на Франција, Лигата на шампиони како и Суперкупот на Франција. Исто така стигна и до финале на Светското клупско првенство.

Што се однесува до Шпанецот, тој сезоната ја заврши со титула во Ла Лига, Копа дел Реј и Суперкупот на Шпанија. Играше и полуфинале во Лигата на шампиони како и финале во Лигата на нации. Во дресот на Барса постигна 18 погодоци и 25 асистенции на 55 натпревари.


ФОТО: fb/France Football

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ