среда, 28 јануари 2026

Познати се полуфиналните двојки на Европското првенство

Во скандинавскиот дуел на организаторите, Данска немаше милост за Норвешка, ја победи со 38-24 и го завери првото место во групата, а со тоа беа решени сите дилеми околу изгледот на полуфиналните средби на Европското ракометно првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Полуфиналистите беа познати пред да почнат последните два меча од главната фаза на Европското првенство, но не се знаеше кој со кој ќе игра.

Данска со победата над Норвешка го освои првото место, па за противник во полуфиналето ќе го има Исланд.

Во другата полуфинална пресметка ќе играат Хрватска и Германија.

Вечерва се одигра и мечот меѓу Шведска и Швајцарија. Швеѓаните победија со убедливи 34-21 па ќе се борат за петтото место на турнирот.

Полуфинале на ЕП:

Данска – Исланд

Хрватска – Германија

Фото: ЕПА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ