петок, 27 март 2026

Познат распоредот на ракометарите: Почнуваме со Луксембург, завршуваме со Грција

Maкедонските ракометари вчера ја добија групата во квалификациите за Европското првенство во кое ќе играме против Шведска, Грција и Луксембург.

Објавено на

часот

Сподели

Веќе е познат и распоредот на натпреварите, Македонија ќе почне на домашен терен против Луксембург, а исто така и последниот натпревар во мај 2027 го играм дома.

Распоред во квалификациите за ЕП 2028:

Прво коло – 5/6 ноември 2026, Македонија – Луксембург

Второ коло – 8/9 ноември 2026, Грција – Македонија

Трето коло – 10/11 март 2027, Македонија – Шведска

Четврто коло 13/14 март 2027, Шведска – Македонија

Петто коло – 5/6 мај 2027, Луксембург – Македонија

Шесто коло – 9 мај 2027, Македонија – Грција

Пласман на првенството ќе обезбедат првата и втората репрезентација од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ