Финишираше групната фаза на Светското клупско првенство, Реал Мадрид и Ал Хилал се последни патници во нок-аут фазата и се формираше конечниот костур.
„Кралевите“ можеа да калкулираат и да одберат на која страна од ждребот сакаат, а со победата над Салбург одат во „европската“ рута.
Момците на Чаби Алонсо во осминафинале ќе се сретнат со Јувентус, ќе ја имаат Борусија Дортмунд како потенцијален противник во четвртфинале, како и еден од ПСЖ и Баерн Минхен во полуфинале.
На другата страна од ждрепката, Интер и Манчестер Сити можат да се сренат во четвртфинале, а Челси се издвојува како фаворит за можна пресметка во полуфинале.
ФОТО: X/Real Madrid