Според Бергеровиот систем се формираа паровите за завршната фаза од шампионатот, во која ќе се води главната битка за титулата и местата кои водат во Европа.
Лидерот Вардар има поволна позиција, бидејќи дербито против Шкендија ќе го игра на домашен терен и тоа во последното коло од сезоната.
Интересно е што големите пресметки се оставени за финишот, па во 31 коло Шкендија ќе ја пречека Струга, а во следната рунда стружани ќе му бидат домаќини на Вардар пред завршната дерби пресметка.






