вторник, 3 јуни 2025

Познат е распоредот за ЕП, Македонија почнува против Данска

За старт на Европското првенство Македонија го доби најтешкиот можен противник, Данска која во последните години е доминантна сила во светскиот ракомет.

Објавено на

часот

Сподели

Денешната ждрепка ја смести Македонија во групата Б заедно со Данска, Португалија и Романија.

Брзо по ждрепката е одреден и распоредот на натпревари.

Почнуваме на 16 јануари против најголемиот фаворит за пехарот, домашната селекција на Данска. Два дена подоцна играме против Романија, ова е селекција против која мора да одиме на победа, а групната фаза ја завршуваме против Португалија на 20 јануари со која би требало да се бориме за втората позиција.

Првите две репрезентации од групата се пласираат во следната фаза. Македонија натпреварите ги игра во градот Хернинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ